Линкови за пристапност

Исламската држава се закани со нови напади врз Иран


Техеран ја обвини Саудиска Арабија за нападите врз Парламентот и храмот на Хомеини

Од Министерството за разузнавање на Иран соопштија дека петте лица кои го извршија нападот на парламентот и на гробот на поранешниот водач, ајатолахот Рухолах Хомеини биле Иранци кои се приклучиле на Исламската држава.

Властите велат дека лицата се бореле за Исламската држава во Мосул, Ирак и во Рака, Сирија, пред да се вратат во Иран во август минатата година.

Според ирански официјални лица бројот на загинатите лица во нападот се зголемил најмалку на 17, а 40 се повредени.

Нападот може да предизвика нови непријателствата во нестабилниот Блиски Исток.

Новинската агенција на Исламската држава брзо дистрибуираше видео од нападот врз Парламентот и се закани дека ќе нападне повторно.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG