Линкови за пристапност

Најмалку 12 загинати во напади во Иран


Исламската држава презеде одговорност

Организацијата Исламска држава соопшти дека стои зад денешните двојни напади во Иран, чија цел биле зградата на Парламентот и храмот на покојниот лидер Ајатолахот Рухола Коменеи. Во нападот загинале најмалку 12 лица.

Инфомацијата дојде преку новинската агенција на Исламската држава, Амак, неколку часа по нападите.

Според извештаите на иранските медиуми, во нападот врз храмот учествувале три лица и еден бомбаш-самоубиец, при што загинало најмалку едно лице, а повредени се неколку други.

Самоубиствен напад се случил и во Парламентот, и во него учествувале исто така три лица.

Екстремистичката организација Исламска држава е во војна со организациите во Сирија и во Иран, кои ја имаат иранската поддршка. За шиитското мнозинство во Иран вели дека се одметници што заслужуваат да умрат.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG