Линкови за пристапност

Ирак им забрани на медиумите да го користат зборот хомосексуалност


Ирачката комисија за комуникации и медиуми рече дека во замена треба да го користат терминот „сексуална девијација“
Ирачката комисија за комуникации и медиуми рече дека во замена треба да го користат терминот „сексуална девијација“

Официјалниот медиумски регулатор на Ирак денес им нареди на сите медиуми и компании за социјални медиуми кои работат во арапската држава да не го користат терминот „хомосексуалност“ и наместо тоа да кажат „сексуална девијација“, соопшти регулаторот.

Ирачката комисија за комуникации и медиуми во соопштение објави дека е забранета и употребата на терминот „род“. Им забрани на сите телефонски и интернет компании лиценцирани од неа да ги користат овие термини во која било од нивните мобилни апликации.

Во соопштението на арапски јазик се наведува дека регулаторот „ги насочува медиумските организации... да не го користат терминот „хомосексуалност“ и да го користат точниот термин „сексуална девијација““.

Портпаролот на владата рече дека казната за прекршување на правилото сè уште не е одредена, но може да вклучува парична казна.

Ирак експлицитно не го криминализира геј сексот, но лабаво дефинираните морални клаузули во неговиот кривичен законик се користени за таргет на членовите на ЛГБТ заедницата.

Големите ирачки партии во изминатите два месеца ги засилија критиките за правата на ЛГБТ, при што знамињата со виножито често се палат на протестите на шиитските муслимански фракции кои се противат на неодамнешното палење на Куранот во Шведска и Данска.

Повеќе од 60 земји го криминализираат геј сексот, додека истополовите сексуални дејствија се легални во повеќе од 130 земји, според Our World in Data.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG