Во соопштение од среда, иранскиот Исламски совет за пропагандна координација ги поттикна жителите на Техеран да се приклучат на собир по петочните молитви да покажат лутина за, како што се вели, „криминалот“ на „седонистичките“ лидери и нивните бунтовнички сојузници.
Иранските конзервативни законодавци ги обвинија реформистичките лидери Мир Хосеин Мусави и Мехди Каруби за бунт заради организирањето на анти-владини протести што привлекоа илјадници луѓе на улиците на Техеран и други градови во понеделникот. Кревање востание казниво со смрт во Иран.
Главниот ирански обвинител Голам Хосеин Мохсени Еџеи во среда кажа дека ги поддржува повиците двајцата реформисти да бидат казнети.
Опозициските лидери објавија контра соопштение во средата, во кое Каруби вели дека би платил секаква цена за неговата татковина, додека Мусави демонстрациите ги нарече „голем успех“ . Тие свикаа протести за покажување солидарност со неодамнешните востанија во Египет и Тунис против авторитарните владеачи.
Понеделничките демонстрации беа најголеми во Иран од 2009, кога двајцата реформисти организираа протести против ре-изборот на претседателот Махмуд Ахмадинеџад.