„Епл“ денеска во Сан Франциско, Калифорнија, ќе го претстави новиот модел на паметниот телефон „Ајфон“, за кој многу аналитичари веруваат дека нема да има аналоген приклучок за слушалки, што можно е да води кон голема промена во начинот на кој луѓето слушаат дигитална музика и друг вид на аудио материјал.
Реномираната компанија најави дека „Ајфон 7“ ќе има значително подобрени перформанси, како главно копче чувствително на допир, кое ќе вибрира, и камера со двоен објектив за поголемата едиција „Плус“. Најновата верзија се очекува да понуди и побрз процесор, повеќе меморија и други карактеристики, како отпорност на вода.
Освен новите бои, новите „Ајфони“ ќе изгледаат слично на моделите кои „Епл“ ги продава од 2014-та, наваму.