Линкови за пристапност

Редици за Ај-фон 5


Ај-фон 5-манија: 49-годишниот Грег Паркер не ја крие возбудата што конечно дошол на ред во продавницата на Епл на Петтата авенија во Њујорк
Ај-фон 5-манија: 49-годишниот Грег Паркер не ја крие возбудата што конечно дошол на ред во продавницата на Епл на Петтата авенија во Њујорк

Некои чекаа и со денови, кампувајќи пред продавниците.

Некои чекаа и со денови, но долгите редици пред продавниците на Епл ширум целиот свет, од Сингапур до Њујорк, петокот конечно почна да се движат откако започна продажбата на Ај-фон 5, најновата верзија на „паметниот“ телефон на компанијата.

Во центарот на Сиднеј, некои купувачи уште од пред три дена застанале во редиците. Во Хонг Конг, продавачите на
Епл скандираа „Ај-фон 5, ај-фон 5“, поздравувајќи ги купувачите на почетокот на продажбата. Во Минхен, без оглед на
температурите блиску до точката на мрзнење, љубители на новиот телефон го оценија чекањето како „дефинитивно посебно
искуство“. А, во Париз, некои продавачи на Епл дури појдоа во штрајк, барајќи поголема исплата поради напливот во продажбата.

Стручните критики во медиумите не парираат на воодушевувањето на купувачите, па дури и ја напаѓаат апликацијата за мапи поради грешки и недостасување на географски информации. Па сепак, Епл наведува дека побарувачката за Ај-фон 5 е рекордна. Компанијата примила над 2 милиони нарачки уште во првите 24 часа откако започнала предпродажбата преку Интернет - двојно повеќе од кога излезе претходната верзија, Ај-фон 4. Аналитичарите очекуваат Епл да продаде и до 10 милиони примероци на Ајфон 5 до крајот на септември.
XS
SM
MD
LG