Линкови за пристапност

Епл го претстави АјФон5


Kомпанијата вели дека е потенок, полесен и со поголем екран, во споредба со последниот модел кој излезе на пазарот пред околу една година.

Американскиот технолошки гигант Епл ја претстави најновата верзија на својот популарен паметен телефон, новиот модел АјФон5, за кој компанијата вели дека е потенок, полесен и со поголем екран, во споредба со последниот модел кој излезе на пазарот пред околу една година.

Епл го претстави новиот телефон на прес конференција во Сан Франциско. Се обидува да го врати водството во продадени умни телефони што порано годинава го загуби од Самсунг со седиште во Јужна Кореја.

Епл вели дека новиот телефон е направен целосно од алуминиум и стакло, тенок е 7.6 милиметри и тежи 122 грама. Дијагонално е 10.2 центиметри.

Компанијата вели дека телефонот има побрзо процесирање и вградени три микрофона, наместо два колку што имале старите. АјФон5 ќе излезе на пазарот следната недела и ќе чини исто колку што чинеа на почетокот старите модели – 199 долари за муштериите кои ќе се согласат на двегодишен договор со телефонската компанија.
XS
SM
MD
LG