Линкови за пристапност

Хаос во Ајова


Многу фалените кокуси во Ајова - собири на жителите да го дадат првиот глас за претседателски кандидат во САД што треба да покаже кој е најсилен потенцијален противник на претседателот Доналд Трамп за изборите во 2020 -- беа попречени од неочекуван проблем кога Демократската партија не можеше да пријави ниеден резултат со часови откако изборните места беа затворени.

Државните партиски официјални лица одлагањето го припишуваат на технички проблеми.

Без резултати, кандидатите беа оставени самите да излезат пред поддржувачите изразувајќи оптимизам среде неизвесноста.

Но, во натпревар кој е важен заради статусот на воспоставување тон на кампањата и проценување на способноста на кандидатите да бидат успешни, немањето резултат на победниците им го ускрати моментумот пред заминувањето во Њу Хемпшир каде ќе се гласа следната недела.

Трамп ситуацијата ја нарече „тотална катастрофа“.

Без оглед какви ќе бидат резултатите, проблемите со пребројувањето и контроверзата во врска со тоа по месеци на интензивна кампања и трошоци од страна на кандидатите е осрамотување на државната партија што ќе покрене прашања за способноста на кокусот да биде прв во државата.

XS
SM
MD
LG