Линкови за пристапност

Пит Бутиџеџ води на изборите на демократите во Ајова, рамо до рамо со Сандерс


Бутиџеџ освои 26,8% од гласовите на делегатите. Втор е „Сандерс“ со 25,2%, па следат сенаторката од Масачусетс, Елизабет Ворен, поранешниот потпретседател Џо Бајден и сенаторката од Минесота, Ејми Клобучар

Поранешниот градоначалник на Саут Бенд, Индијана, Пит Бутиџеџ и сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, се рамо до рамо во Демократскиот кокус, според делумните резултати од првото гласање во Ајова. Бутиџеџ освои 26,8% од гласовите на делегатите.

Веднаш до него е „Сандерс“ со 25,2%. По нив следуваат сенаторката од Масачусетс, Елизабет Ворен, поранешниот потпретседател Џо Бајден и сенаторката од Минесота, Ејми Клобучар. Шест други кандидати заостануваат далеку зад првите кандидати.

Но, овие резултати се од 71% од областите. Не е јасно кога ќе бидат пријавени преостанатите 29%, така што се’ уште има шанси за нови изненадувања.

Младиот Бутиџеџ (38) го претставува умереното крило на Демократската партија. Сандерс (78) е самопрогласен демократски-социјалист кој поддржува универзално здравствено осигурување.

Претседателот на Демократската партија на Ајова, Трој Прајс се извини за фијаското во пребројувањето на гласовите.


Двајцата го поддржуваат „Новиот зелен договор“ за борба против глобалното затоплување и се залагаат за декриминализирање на нелегалната имиграција.

Демократите од Ајова, сепак, се’ уште не прогласија победник на вчерашните внатрепартиски избори, соопштувајќи дека поради технички проблеми со аплицикацијата за внесување податоци, биле потребни дополнителни „проверки“ и исправки.

Претседателот на Демократската партија на Ајова, Трој Прајс, рече дека конфузијата е „неприфатлива“ и се извини за фијаското во пребројувањето на гласовите.

Тој сепак истакна дека податоците се точни затоа што има документација за секој глас.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG