ВАШИНГТОН —
Градоначалникот од Индијана Пит Бутиџеџ и сенаторот од Вермонт Берни Сандерс, добија речиси ист број делагати, откако вчера беа објавени резултатите од гласањето во Ајова.
Бутиџеџ освои 26.2 проценти од делгатите на Демократската партија, два повеќе од Сандерс, кој освои 26.1 процент. Сепак, Сандерс води според мнозинството гласови на населението во оваа сојузна држава.
На конвенцијата во Ајова ќе се одлучи колку од 41 делегат во оваа сојузна држава, ќе добие секој кандидат на Националната демократска конвенција.
Facebook Forum