Линкови за пристапност

Републиканските гласачи денес избираат во Ајова


Републиканските гласачи денес избираат во Ајова
Републиканските гласачи денес избираат во Ајова

Во цркви, училишта и други места жителите на Ајова се среќаваат да го дадат гласот за кандидат за претседател

Републиканските гласачи од американската централна држава Ајова ќе се соберат во цркви, училишни згради и други места во вторник за да го дадат гласот на првиот изборен натпревар на кандидатите за ноемвриските претседателски избори.

Првиот кокус во нацијата не се смета за голем прогнозер на иднината за кандидатот што ќе биде номиниран од Републиканската партија, но може да биде почеток на политички успех во други држави во наредните неколку недели на процесот на селектирање на кандидатот.

Анкетите индицираат дека Мит Ромни, поранешен гувернер на Масачусетс има водство во Ајова меѓу републиканските натпреварувачи кои се трудат да го заменат на функцијата Барак Обама, кој е демократ.

На собир во понеделникот Ромни ја нападна политиката на претседателот, на домашен и на меѓународен план.

„Ние сме нација на можности. Мислам дека претседателот сака да ја претвори во социјална држава од европски тип, нација каде улогата на владата не е да обезбеди слобода и можности, туку од едни да земе за да им даде на други во име на еднаквоста. Тој модел никаде во светот не функционирал“, кажа Ромни.

Еден од противниците на Ромни, поранешниот конгресмен Њут Гингрич, вели дека анкетите покажуваат оти гласачите во Ајова преферираат конзервативни наспроти умерени кандидати.

„Мислам дека е јасно оти конзервативците кои сакаат вистински промени ќе добијат меѓу 70 и 75 проценти од гласовите во Ајова“, тврди тој.

Анкетите пред гласањето во Ајова покажуваат дека Рон Пол, конгресмен од Тексас е блиску до Ромни според поддршката. Тој вели дека другите кандидати претставуваат статус кво и дека вторничното гласање ќе испрати голема порака:

„Уморни сме од проширувањето на владата, од трошењето што нема крај, од правењето на работи што не треба да ги прават, за сметка на тоа што треба да го прават“.

Половина од гласачите сепак велат дека не се определени за кој кандидат ќе гласаат, што зборува дека се` е можно да излезе како резултат од Ајова.

XS
SM
MD
LG