Линкови за пристапност

МОМ: Во првите шест недели од 2016-та, нови 76.000 мигранти и над 400 смртни случаи


Преку три-четвртини од смртните случаи биле регистрирани на источната медитеранска рута меѓу Турција и Грција.

Меѓународната организација за миграција (МОМ) соопшти дека при обидот да го преминат Средоземното Море во првите шест недели од 2016-та година, животот го загубиле 409 мигранти.

МОМ додава дека дневно по 2.000 лица се обидуваат да го преминат Медитеранот, што е за 10 пати повеќе споредено со истиот период лани. Во моментов оваа бројка изнесува преку 76.000 лица.

Во соопштението објавено на веб-страницата на оваа организација се наведува и дека не се очекува намалување на бројот на мигранти и бегалци коишто се обидуваат да стигнат до брегот на Европа, а воедно се предвидува бројот на пристигнувања во Грција од 1-ви јануари 2015 година, наваму, следниот месец да го достигне нивото од еден милион.

Преку три-четвртини од смртните случаи годинава биле регистрирани на источната медитеранска рута меѓу Турција и Грција. Претходно, најголем број смртните случаи биле регистрирани во централниот дел на Медитеранот, меѓу Северна Африка и Италија.

XS
SM
MD
LG