Линкови за пристапност

Помош за над 300 мигранти од караванот кои побарале да се вратат дома


Mногумина мигранти велат за караванот дознале од социјалните медиуми и од телевизија и импулсивно се приклучиле. Но, не размислувале за ризиците, туку само за тоа како да добијат работа во Америка

Меѓународната агенција за миграции на Обединетите нации соопшти дека извршила репатријација на стотици граѓани од Централна Америка, кои биле во караванот на мигранти кои настојуваат да преминат во САД.

Агенцијата, со седиште во Женева, соопшти дека повеќе од 450 мигранти, повеќето мажи, го напуштиле Мексико и прифатиле помош за да бидат вратени во своите домови во Хондурас, Ел Салвадор и Гватемала во текот на ноември.

Од агенцијата посочија дека повеќе од 300, од вкупно 4000 мигранти и баратели на азил колку што се проценува дека ги има, кои допатувале во мексиканскиот пограничен град Тихуана, изразиле интерес да се вратат дома. Портпаролот на Меѓународната агенција за миграции на Обединетите нации, Џоел Милман, рече дека агенцијата координира безбеден и достоинствен начин на пренесување на оние кои сакаат да се вратат во државите од каде потекнуваат.

Тој за Гласот на Америка изјави дека оние кои се загрижени за нивната безбедност се упатуваат на владини институции кои можат да ѝм помогнат кога ќе допатуваат во нивните матични земји.

Тој истакна дека многумина од мигрантите кои сакаат да се вратат дома, ѝм кажале на хуманитарните работници дека за караванот дознале од социјалните медиуми и од телевизија и импулсивно се приклучиле. Милман вели дека многуминале не сметале на ризиците и долгото пешачење со денови, туку единствено размислувале како да добијат работа во Америка.

Исто така, Милман рече дека пунктовите за добивање на информации и за регистрирање ќе останат отворени во Гватемала, Мексико Сити и Тихуана, со цел да ѝм послужат на мигрантите кои доброволно сакаат да се вратат во матичните држави. Програмата е финансирана со 1,2 милиони долари од американскиот Стејт департмент, рече Милман.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно истакна дека илегалното влегување на имигрантите преку Јужната граница е закана за националните интереси на САД. Мексико негираше дека е подготвено да им дозволи на барателите на азил да останат таму во очекување на исходот за нивните случаи во американските имиграциски судови.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG