Линкови за пристапност

САД бараат начин да привлечат повеќе странски инвестиции


Во минатото тоа беше задача на гувернерите и градончалниците, но сега САД се ангажираат на национално ниво

САД започнуваат нов напор за привлекување повеќе странски инвестиции за поттикнување на бавното напредување на американската економија.

Претседателот Барак Обама во четврток соопшти дека започнуваат национални владини напори за привлекување повеќе странски компании на своите брегови, особено бизниси што ќе го прошират американскиот пазар на работна сила. До сега, такви мисии за привлекување странски инвестиции беа оставани на гувернерите на 50-те сојузни американски држави и градоначалниците на големите градови.

Белата куќа кажа дека ќе ја искористи својата програма SelectUSA да ги направи странските инвестиции за креирање работни места приоритет на своите амбасади во странство. Фокусот прво ќе биде на 32-та клучни регионални пазари кои веќе опфаќаат 90 проценти на странски инвестиции во САД.

Во минатото, високи владини лидери повикуваа на вакви акции, но новиот напор бара покоординирана акција со ангажирање на самиот врв, до претпретседателот Обама. Претседателот и клучни владини економски претставници во четврток и петок се домаќини на првиот Самит на САД за инвестиции во Вашингтон, настан што привлече 1.200 посетители од 60 држави.
XS
SM
MD
LG