Линкови за пристапност

Каматните стапки останаа непроменети


Барем до декември каматните стапки во САД ќе останат близу до нулата

Централната банка на САД реши да ги задржи каматните стапки на досегашното ниско ниско ниво, околу нулата, каде се од 2008 година.

По дводеневната средба, главниот аналист на Bankrate.com, Грег Мек Брајд, за Гласот на Америка изјави дека каматните стапки до крајот на годината треба да почнат да се менуваат.

„Најверојатно во декември. Но, ќе видиме како ќе се движат работите. Од сега до тогаш, ќе информации за економијата, за вработеноста, на кои ќе се базираме за да донесеме одлука. Доколку информациите што ќе ги добиеме во следните шест месеца ни даваат позитивен сигнал, најверојатно Федералните резерви ќе се одлучат на зголемување.“

Таквиот потег вообичаено носи и кревање на инфлацијата поблиску до посакуваните два процента, за што властите сметаат дека е дел од способна и здрава економија.

XS
SM
MD
LG