Линкови за пристапност

Менди Ќира: Од економската и енергетска криза најпогодени се микро и малите компании


Менди Ќира, претседател на стопанската комора на Северозападна Македонија
Менди Ќира, претседател на стопанската комора на Северозападна Македонија

Претседателот на стопанската комора на Северозападна Македонија,Менди Ќира во интервју за Глас на Америка, вели дека ќе бараат од Владата да се намали сумата која ја плаќаат за придонеси за своите вработени, со што би се помогнало да се зголемат платите, а професионалниот кадар, да остане во земјава

Глас на Америка: Како економската и енергетската криза се одразува врз компаниите, врз бизнисот во Северна Македонија?

Овие две години за несреќа, имаше два пати криза во стопанството, прво со Ковид 19, а потоа и војната, која предизвика енергетска криза, која ја опфати не само нашата земја туку и пошироко. Ние имаме информациии дека многу компании веќе ја чувствуваат кризата и бараме и го креваме гласот кон Владата и другите институции, да се најде некое решение, многу компании да се помагаат во делот на енергетската криза. Најповеќе се погодени микро и малите компании, а има и доста компании кои се веќе затворени. Меѓутоа иако Владата имаше некои позитивни мерки, бараме повеќе да се помагаат во овој дел компаниите кои сакаат да инвестираат во делот на енергетиката, особено во поставување на фотонапонски панели, полесно да се монтираат на кровните објекти. Имаше некои олеснувања во делот на издавање на одобренија за нивно поставување, но меѓутоа ние бараме да не се ограничува износот и да се издаваат што полесно и побрзо одобренијата, за да се помага колку што може. Треба да се помага што повеќе и хотелиерството, кое во последно време се гледа дека и тие страдаат од зголемувањето на цената на енергетиката. Кризата воопшто е голема. Мислиме наредната година да се бара повеќе, иако се делени некои средства за помош на компаниите, тоа не е доволно.

Глас на Америка: Кои се вашите очекувања, што ќе донесе 2023 година?

Ние мислиме дека кризата после овие две години ќе продолжува, меѓутоа чекаме заедно со бизнис заедницата, со сите релевантни органи и Владата и други да помагаме да се помага во делот на енергетиката, посебно во делот на инвестициите во енергитиката. Ќе бараме во тој дел да се редуцираат постапките за добивање на одобрение. Меѓутоа кризата пак ќе продолжи и ако не се земат некои мерки, ќе има продолжување на затворање на компании, односно отварање на стечајна постпака за некои компании, кои навистина се наоѓаат во многу тешка економска ситуација.

Глас на Америка: Што вие како комора на Северозападна Македонија, правите да им помогнете на малите бизниси за ублажување на кризата?

Ние можеме да помогнеме да се бараме. Ние сме организација која ги собира проблемите кои се на компаниите воопшто. Истите потоа ги праќаме и ги бараме од институциите. Не само енергетиката, имаме и други проблеми, како што се човечките ресурси, кои се голем проблем за сите компании во Македонија. Немаме веќе работна сила било професионална, било обична и во тој дел треба да се прави повеќе, да се работи повеќе. Нормално тоа се решава заеднички. Ако ние како компании помагаме во делот на платите, бараме и од Владата да помага и се најде некое решение, за кое ние имаме начин како да се помага, нашите млади да останат тука.

Глас на Америка: Рековте имате план, кој е вашиот план?

Менди Ќира: Нашиот план е, имаме предлог за Владата и бараме од Владата, во делот на придонесите,да се намалат за да може се зголемат платите и во делот на професионалниот кадар, за да може да остане овде. Навистина во Македонија има можност да се живее, има можност да се работи, има потенцијал, но само сите заедно можеме повеќе да направиме.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG