Линкови за пристапност

Интервју – Мицкоски: СДСМ донесе многу неправди и понижувања, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја „исправи“ Македонија


Интервју – Мицкоски: СДСМ донесе многу неправди и понижувања, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја „исправи“ Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:12 0:00

Интервју – Мицкоски: СДСМ донесе многу неправди и понижувања, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја „исправи“ Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за Гласот на Америка вели дека Македонија три години е соочена со „пандемија“ предизвикана од СДСМ и која донела многу неправди и понижувања.

Глас на Америка: Мотото со кое што ВМРО-ДПМНЕ настапува на овие парламентарни избори е „Обнова на Македонија?

Христијан Мицкоски: Пред се првичното мото на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Обнова на Македонија е „Исправи се Македонијо“, затоа што цениме дека изминатите три години, оваа пандемија која владееше со Македонија и ова раководство на СДСМ, предводено од Зоран Заев, практично водеше политика, која го натера, било кој граѓанин, без разлика на неговата етничка припадност да ја подведе сопствената „кичма“ зборувам метафорично бидејќи донесе многу неправди, донесе многу понижувања. Луѓето се чувствуваат недостоинствено. Практично Македонецот се чувствува како граѓанин од втор ред во сопствената држава и мотивирани од тие причини ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата на овие избори настапува со мотото „Исправи се Македонијо“. Затоа ние цениме дека во оваа разурната ситуација во која се наоѓа нашата држава во моментот имаме траорна реалност, која денес ја живеат нашите сограѓани, не само на економски план. Гледате што се случува со здравствената состојба во државата и како не умее Владата да се справи со пандемијата предизвикана од корона вирусот, кога цела Европа практично излегува од оваа пандемија, ние се уште соборуваме рекорди, по бројот на луѓе кои губат животи на милион жители, кои се инфицирани на милион жители. Практично реалноста во која живеат граѓаните во Македонија е навистина тешка и цениме дека треба да се направи сериозен зафат, а тој зафат го именувавме како „Обнова на Македонија“.

Глас на Америка: Колку ова ВМРО-ДПМНЕ е поразлично од претходното во времето на Никола Груевски, со оглед на тоа дека на дел од листите можеме да видиме веќе познати имиња?

Христијан Мицкоски: Па мислам дека имињата не ја прават разликата туку политиките. Луѓето, да, се зачленуваат во партиите, во еден момент престануваат со својот политички ангажман, остануваат пасивни членови, поддржувачи. Да, можеби ќе препознаете некои кои долго време поминале во ВМРО-ДПМНЕ, оставиле определени спомени во ВМРО-ДПМНЕ, донеле определена вредност и ете тие го заслужиле тоа место на листите на победничката коалиција, на коалицијата за Обнова на Македонија, бидејќи пред да ги составуваме тие листи, ние го тестиравме јавното мислење и тие луѓе се издвојуваат, споредбено со предлозите на нашиот политички противник. Јас не би сакал на тој начин да правам споредби. Јас би сакал да правам споредби со дела. Или да се изразам поконкретно, јас би сакал ВМРО-ДПМНЕ, додека беше во опозиција во периодот 2002-2006, да се споредува со ова ВМРО-ДПМНЕ, кога беше во опозиција 2017-2020 година. После победата на овие предвремени избори кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира Владата, тогаш може да се споредува со Владата предводена од Никола Груевски, со Владата предводена од Љубчо Ѓеоргиевски и да правиме симболични анализи кој бил подобар или полош во одредени области.

Глас на Америка: Како го оценувате ставот на ДУИ, за премиер Албанец. И што под претпоставка дека ако ВМРО ДПМНЕ ќе има услови да ја формира идната Влада, а нема да може тоа да го направи без пратениците на ДУИ. Дали би го прифатиле таквиот предлог на ДУИ?

Христијан Мицкоски: Јас под ултиматуми не работам и се разбира дека нема да прифатам, има многу комбинации за составување на идна Влада, но таква комбинација каква што вие велите, јас како добар познавач во математиките, ви велам нема.

XS
SM
MD
LG