Линкови за пристапност

Кежаровски: Секогаш ќе бидам на страна на вистината


„Денес, во Македонија молчењето е најраспостранет облик на мислење. Омразата стана тренд во Македонија!“, вели новинарот чијшто случај стана парадигма за сегашната состојба во новинарството и во судството во земјата

Откако Апелациониот суд ја потврди одлуката на Основниот суд Скопје 1 од 22-ри јануари, за условен отпуст, новинарот Томислав Кежаровски по повеќе од 20 месеци во притвор и во куќен притвор, конечно е на слобода. Тој во контроверзниот случај „Ликвидација“ беше осуден на 4,5 години затвор за наводно откривање на идентитет на заштитен сведок. И покрај тоа што и Кежаровски за време на судењето, и македонските и меѓународните новинарски здруженија реагираа и тврдеа дека само ја вршел својата работа и професионално ги истражувал слабостите во работата на полицијата, и иако и сведокот, чиј идентитет наводно бил откриен, на суд призна дека лажно сведочел под полициски притисок, на Кежаровски и со потврдената, па намалена првостепена пресуда, и од Апелациониот суд му беше изречена казна од две години затвор.

Сакам да верувам дека кога луѓето те повредуваат, треба да се мисли на нив - како на шмиргла. Тие ќе те гребат и повредуваат, но подоцна, ќе бидеш сјаен и исполиран, а тие ќе завршат како неупотребливи.
Томислав Кежаровски

Неговиот адвокат Филип Медарски потенцираше дека докажувањето на неговата невиност ќе продолжи пред Врховниот суд, а по исцрпувањето на можностите за правни лекови во Македонија, и пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Во првиот разговор за медиум на македонски јазик по ослободувањето, Кежаровски за Гласот на Америка вели дека се надева оти конечно ќе може да се врати на нормалниот живот.

Но, додава дека притисокот, за жал, не прекинал: „Обидите да ме дискредитираат не запираат. Деновиве, откако се заврши, наместо да ме повикаат и да ми ја вратат патната исправа, ми беше врачено решение со кое ми е забранета употреба на лична карта за преминување на државната граница!?“.

Во затворот, видов стотици човечки судбини. Видов се‘ и сешто. Видов повеќе отколку што можам да ви кажам, а сфатив повеќе отколку што видов. Затоа, моите планови во иднина се врзани за развојот на демократизација на општеството, на владеењето на правото и развој на човековите права во Македонија.

На прашањето како се чувствува по се‘ што преживеаја тој и неговото семејство, Кежаровски вели: „Се чувствувам силен, а и морам да бидам силен...заради себе и семејството, заради пријателите и колегите, заради сите оние кои ми дадоа поддршка. Се опирам на искушенијата. Убаво е да успееш, ама поубаво е да го видиш разочарувањето во очите на оние што посакале да не успееш...

Сакам да верувам дека кога луѓето те повредуваат, треба да се мисли на нив - како на шмиргла. Тие ќе те гребат и повредуваат, но подоцна, ќе бидеш сјаен и исполиран, а тие ќе завршат како неупотребливи“.

Новинарите треба да трагаат по вистината. Треба да бидат глас на безгласните. Новинарите треба да ги претставуваат интересите на јавноста, новинарот е активист во името на слободата на изразувањето... Денес, во Македонија молчењето е најраспостранет облик на мислење.

За тоа, какви му се, по дваесет месеци зад решетки и во домашен притвор, плановите за иднина, Кежаровски раскажува: „Во затворот, видов стотици човечки судбини. Видов се‘ и сешто. Видов повеќе отколку што можам да ви кажам, а сфатив повеќе отколку што видов. Затоа, моите планови во иднина се врзани за развојот на демократизација на општеството, на владеењето на правото и развој на човековите права во Македонија.

Дополнително, ќе работам и на јакнење на Здружението на новинари на Македонија и на Самостојниот синдикат на новинари. Ќе настојувам да ги уверам колегите дека треба да истражуваат. Новинарите треба да трагаат

Сакам моето дете, нашите деца, да живеат во држава во која ќе се суди според суштината на карактерот, а не според јавно искажаниот збор.

по вистината. Треба да бидат глас на безгласните. Новинарите треба да ги претставуваат интересите на јавноста, новинарот е активист во името на слободата на изразувањето... Денес, во Македонија молчењето е најраспостранет облик на мислење. Храброст е неопходна не само за пишување, туку и за читање. Омразата стана тренд, а не чувство!

Пишувам книга за деновите минати во притвор. Книгата која ја пишувам, би можела да биде опасна, исто колку и неопходна. Таа не е фикција.

И покрај се‘ што ми се случи, без оглед на тоа што работам и каде работам, ветувам дека секогаш ќе бидам на страната на вистината, на страната на обесправените, на страната на послабите... Сакам моето дете, нашите деца, да живеат во држава во која ќе се суди според суштината на карактерот, а не според јавно искажаниот збор“.

Кежаровски најајвува и книга за периодот што тој и неговото семејство го оставија зад нив: „Пишувам книга за деновите минати во притвор. Книгата која ја пишувам, би можела да биде опасна, исто колку и неопходна. Таа не е фикција. Би можела да открие нешто што можеби не би требало да се открива. Во неа ќе има епитафи, разговори од ќелијата, чудни запазувања, ќе има и умотворби кои можеа да се најдат по затворските ѕидови... Но, во неа ништо не е измислено. Кога ќе излезе книгата од печат, дел од средствата добиени од нејзината продажба, ќе бидат наменети за ЗНМ, а дел за Синдикатот на новинари, зашто само силни организации ќе можат да продуцираат и силни новинари“.

XS
SM
MD
LG