Линкови за пристапност

Барањата на Брисел ќе го подобрат животот


Интервју со Тања Фајон, пратеничка во Европскиот парламент.

Тања Фајон е пратеничка од Словенија во Европскиот парламент. Таа стана актуелна на Балканот како претседателка на Парламентарната комисија за визна либерализација која изврши значајна улога при донесувањето на таа одлука во Советот на министрите. Фајон, исто така, е членка на Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент. Во интервјуто за Гласот
Според некои информации, неофицијалниот пораст на бројот на азилантите е 60 насто оваа година, првите осум месеци споредени со истиот период од минатата година, веќе има 60 насто повеќе луѓе кои бараат азил и мислам дека тоа е многу алармантно и поради тоа министрите на шесте земји од ЕУ бараа Западниот Балкан да се стави во некаква суспензија.

на Америка предупредува на ризиците за суспензија на визната либерализација, а говори и за очекувањата од Европскиот совет што ќе се одржи во декември и на кој ќе биде разгледана препораката на Европската комисија за почеток на преговори за членство на Македонија.

Гласот на америка: Дали земјите од Западниот Балкан се соочуваат со сериозен ризик да ја изгубат визната либерализација и сите бенефиции кои таа ги носи?

Тања Фајон: Да, ние имаме многу информации дека се` повеќе граѓани од сите земји од Западниот Балкан бараат азил. Особено во Германија, Белгија, Луксембург, Шведска, таму каде што целиот процес за добивање азил е подолг отколку во другите земји - членки на Унијата. Според некои информации, неофицијалниот пораст на бројот на
Ситуацијата е алармантна и тогаш експертите од Унијата или од земјата - членка ќе дојдат, ќе направат евалуација каква е ситуацијата во реалноста и тогаш министрите многу брзо, бидејќи нема да има процедура која оди повторно низ Парламентот, ќе можат многу брзо да ја усвојат таа суспензија. Поради тоа, се плашам дека опасноста постои, дека е голема, затоа што тоа на крајот веројатно ќе биде и политичка одлука.

азилантите е 60 насто оваа година, првите осум месеци споредени со истиот период од минатата година, веќе има 60 насто повеќе луѓе кои бараат азил и мислам дека тоа е многу алармантно и поради тоа министрите на шесте земји од ЕУ бараа Западниот Балкан да се стави во некаква суспензија.

Гласот на Америка: Како би функционирал тој механизам? Со една земја, со повеќе земји, кои ќе бидат критериумите за да се активира механизмот во даден момент?

Тања Фајон: Очекувам дека некоја земја, може да бидат една или повеќе земји, да дадат препорака. Значи, ситуацијата е алармантна и тогаш експертите од Унијата или од земјата - членка ќе дојдат, ќе направат евалуација каква е
Не е добро секогаш кога нешто ќе тргне на лошо да се критикува Брисел, дека Брисел бара премногу. Тоа што Брисел го бара се секако задачи кои ќе го подобрат животот во секоја земја на Западниот Балкан.

ситуацијата во реалноста и тогаш министрите многу брзо, бидејќи нема да има процедура која оди повторно низ Парламентот, ќе можат многу брзо да ја усвојат таа суспензија. Поради тоа, се плашам дека опасноста постои, дека е голема, затоа што тоа на крајот веројатно ќе биде и политичка одлука.

Гласот на Америка: Хипотетички, доколку постоеше тој механизам во овој момент, дали Македонија би ја загубила визната либерализација?

Тања Фајон: Тоа е многу тешко сега да се оцени, но сигурно најмногу луѓе доаѓаат од Србија и Македонија.

Гласот на Америка: ЕУ ги повика земјите од Западниот Балкан кои имаат корист од таа визна либерализација да бидат способни да одговорат на одговорностите што доаѓаат со визната либерализација. Кои се тие одговорности? Што, конкретно, Македонија би требала да прави подобро за евентуално да ги одоброволи шесте земји кои го притиснаа копчето за аларм?

Тања Фајон: Главниот проблем е социоекономскиот. Луѓето кои бараат подобар живот, кои немаат можности да живеат, јас не знам колку Македонија направила за оние мали села каде што нема добри услови за живот, и, секако, немаат можности за интеграција на малцинствата. Тоа е голем проблем и поради тоа луѓето бараат некаков подобар живот. Секако, критериумите се познати, Македонија направи се` за да влезе во безвизниот режим, важна е безбедноста на границите, борбата против организираниот криминал, трговијата со луѓе и слично, соработката со полицијата и безбедноста на документите, пасошите. Значи, постојат многу критериуми и Македонија е во процесот на набљудување, како и сите земји од Западниот Балкан. Јас мислам дека Комисијата, ни помалку - ни повеќе, секој ден е во дијалог со властите околу тоа што уште е можно да се направи. Но, проблемот е, секако, ако вие сега на граница запрете автобус со луѓе, или Роми, или Албанци, тоа значи дискриминација. Така, тоа е многу чувствително прашање.

Гласот на Америка: Дали е можно, со оглед на тоа како се одвиваат работите во Советот на министрите, во февруари – март на дневен ред да се разгледува прашањето за активирање на клаузулата за суспензија?

Тања Фајон: Тоа е можно, поради тоа што ако дотогаш постои тој механизам за привремена суспензија и ако овие бројки растат, секако очекувам дека ситуацијата ќе ескалира и дека земјите - членки кои сега имаат моќ, ги има шест и повеќе кои уште денес би барале суспензија, тоа може да биде реалност.

Гласот на Америка: Има ли изгледи да се направи некаков напредок во однос на Македонија и по четвртата по ред препорака земјата да добие датум за преговори?

Тања Фајон: Не сум во позиција да коментирам што би се случило околу спорот на Грција и Македонија за името. И јас се надевам дека Грција тука ќе направи исчекор, постојат некои информации, неофицијални, дека можеби ќе има некаков напредок, затоа што како што и самиот кажавте, Македонија веќе четврти пат доби препорака да ги започне преговорите и мислам дека е крајно време Македонија да го почне тој дијалог. И тогаш, прашањето за името, тоа неколку пати го баравме во Парламентот, ако не е решено, нека се решава одвоено од процесот на преговори, но добро, очигледно не постои таа амбиција, но јас очекувам што е можно поскоро Македонија и Грција да постигнат некаков договор, затоа што ова досега се многу години изгубени за Македонија и за граѓаните на земјата. Но, мислам дека самиот извештај беше доволно позитивен и дека тоа е добра порака до граѓаните на Македонија. И од друга страна, кога ќе го погледнете целиот пакет извештаи за Западниот Балкан, мислам дека не е толку лош колку што очекувавме.

Гласот на Америка: Какво е расположението меѓу пратениците за пакетот извештаи за земјите од Западниот Балкан? Постои ли ентузијазам дека проширувањето може да појде напред?

Тања Фајон: Јас би рекла вака, ние кои се занимаваме со тоа, а не има многу, се` уште не има многу, ние имаме ентузијазам и сакаме да го туркаме тој воз напред. Но, за тоа треба помош и од другата страна, требаат некакви резултати. Не е добро секогаш кога нешто ќе тргне на лошо да се критикува Брисел, дека Брисел бара премногу. Тоа што Брисел го бара се секако задачи кои ќе го подобрат животот во секоја земја на Западниот Балкан.
XS
SM
MD
LG