Членството во НАТО и почетокот на преговори со Европската Унија ни отворија врата за многу посуштинска помош во справување со пандемијата, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска, во интервју за Гласот на Америка.
Шекеринска вели дека кризата со КОВИД-19 ќе се одрази врз идната улога на Армијата, додавајќи дека прашањето за пандемија ќе биде многу почесто вежбано сценарио.
Таа истакна дека лажните вести се голем проблем во време на пандемија, и оти битката против дезинформациите „не е битка која некој друг треба да ја добие во наше име“.
„Ќе бараме помош во битката против лажните вести, но, таа пред се` зависи од домашните капацитети. И покрај огромниот број на лажни вести, ние не се справуваме со казни, туку со зборување вистина. Некогаш луѓето велат како министерот за здравство имаше трпение да одговара на толку многу прашања. Тоа е цената која моравме да ја платиме во битката со лажните вести“, рече Шекеринска.
Таа, меѓудругото, зборува за помошта од САД и од другите НАТО сојузници, со цел да се спречи ширењето на вирусот.
Facebook Forum