Линкови за пристапност

Интернетот - плодна почва за групите кои шират омраза


Интернетот - плодна почва за групите кои шират омраза
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:25 0:00
Direct link

Интернетот - плодна почва за групите кои шират омраза

Организација што врши мониторинг на групите кои шират расна омраза, укажува дека Интернетот станал плодна почва за нивната агенда.

Во предградие на Лос Анџелес, Сиките се собраа на комеморација за убиените во Висконсин. Се обидуваат да разберат што го натерало Вејд Мајкл Пејџ, лицето обвинето за грозоморниот напад, да отвори оган.

Членот на заедницата на Сиките, Нахатар Синг Булар нема одговор – вели, тоа е бесмислен чин.

„Може да се случи секаде, да упадне некој и да стори вакво нешто“, вели тој.

Луѓето кои го истражуваат инцидентот наведуваат дека Пејџ бил поврзан со музички групи што шират пораки за доминација на белата раса. Шпекулираат дека убиството е поттикнато од омраза.
Тим Зал дошол во храмот за да понуди утеха. Вели, своевремено мразел луѓе со темна боја на кожата и во 80-те бил организатор за неонацистичката група Бел ариевски отпор.

„Расистичкото движење на белците одеше во поинаква насока. Наместо големи организации, започна да дејствува преку мали ќелии“, изјави Зал.

И да се организира преку Интернет. Рик Итон во Центарот Симон Визентал ги истражува групите кои шират омраза. Центарот врши мониторинг на Интернет-мрежите како Твитер и Фејсбук и дистрибуира Интернет-апликација до агенциите за спроведување на законот. Итон побара да не му покажеме лицето. Вели, дека омразата цвета во музиката, епитетите и симболите.

„Песната е насловена - „Продолжете да се борите“. Вели, должност ви е да се борите, во спротивно, ќе ве убијам“.

Рабинот Абрахам Купер од истиот центар коментира дека страниците што шират омраза создаваат илузија за масовно движење.

Без оглед на тоа колку е навредлив јазикот на тие страници, властите се ограничени во можноста да реагираат, вели Тереза Карлсон од Федералното истражно биро.

„Се` додека некој всушност не објави конкретна закана со употреба на сила и насилство, не можеме да отвориме истрага“, потенцираше Карлсон.

Рабинот Купер бара Интернет-компаниите да сторат многу повеќе.

„Мрежите на Интернет треба и може да сторат повеќе да ги маргинализираат пораките на омраза, нетолеранција и тероризам и оние кои ги упатуваат“, вели Купер.
XS
SM
MD
LG