Линкови за пристапност

Слободатa за изразување на Интернет опадната


Во најновиот извештај на Фридом Хаус се вели дека ситуацијата е најлоша во Кина, Сирија и Иран.

Петта година по ред, глобалната Интернет мрежа се соочува со одземање на слободата за изразување кај милиони луѓе ширум светот, поради ограничувања од страна на властите во некои земји, кои ги цензорираат веб страниците и оневозможуваат употреба на различен број алатки кои се дизајнирани за заштита на приватноста на корисникот.

Ова е заклучокот од новиот извештај „Слобода за изразување на интернет 2015“ објавен во средата од „Фридом Хаус“, непрофитна организација која ја промовира демократијата и слободата за изразување на глобално ниво. Ова е шести по ред, годишен извештај за состојбата на ова поле во 65 држави.

Кина годинава е ранкирана како земја со најмалку слобода за изразување на интернет. Сирија и Иран се на второто и третото место веднаш по неа, а во Куба слободата на Интернет е подобрена.

XS
SM
MD
LG