Линкови за пристапност

САД и кибернетската безбедност


Американскиот претставнички дом даде зелено светло на документ чија цел е обезбедување на националните компјутерски мрежи од кибернетски напади, но на кој се противи администрацијата на Обама заради загриженост за приватноста.

Актот наречен „The Cyber Intelligence Sharing and Protection Act“, што во четврток мина со 248 спрема 168 гласови, им дозволува на приватни компании доброволно да споделуваат податоци за потенцијални закани или напади на нивните мрежи со разузнавачки агенции на нивните мрежи. Спонзорите велат дека актот ќе ја заштити интелектуалната сопственост на државата и инфраструктурата од нации како Кина и Русија, но и од криминалци и терористи.

Но претседателот Барак Обама се закани дека ќе стави вето на законот зашто неадекватно ги штити личните податоци на Американците, што наедно е и став на активистите за човекови права. Обама поддржува предлог во Сенатот што ќе го стави Одделот за домашна безбедност во позиција да ја надгледува домашната кибернетска безбедност, со авторитет да воспостави безбедносни стандарди.

Спикерот на Претставничкиот дом Џон Бенер го критикуваше ставот на претседателот велејќи дека Обама сака владата да има тотална контрола врз Интернет.

XS
SM
MD
LG