Линкови за пристапност

Клинтон вели дека за добро или за лошо Интернет мора да остане отворен


Клинтон вели дека за добро или за лошо Интернет мора да остане отворен
Клинтон вели дека за добро или за лошо Интернет мора да остане отворен

Американската државна секретарка Хилари Клинтон ги предупредува државите кои ќе го ограничат пристапот до Интернет дека можат да предизвикаат трајно незадоволство кај народот и ризикуваат да ги изгубат бенефициите од поврзаноста на светската економија преку Интернет

Клинтон призна дека и покрај добрите страни, Интернет може да биде погодна платформа за говор на омраза или, како во случајот на Викиликс, да послужи за објавување на украдени класифицирани американски документи.

Но Секретарката Клинтон јасно кажа дека САД себе си се ставаат на страната на отвореност на Интернет и кажа дека слободата на Интернет, како сите други слободи, ги зголемува тензиите, но дека бенефициите од него го прават тоа вредно.

Обраќањето на Клинтон за политиката на државата на Универзитетот Џорџ Вашингтон, што е близу американскиот Стејт департмент, доаѓа во време на протести низ Блискиот исток, делумно потхранети од активисти кои ги користат социјалните медиуми како Твитер и Фејсбук.

Државите во кои тие протести се одвиваат се обидоа на различни начини да го затворат приодот до веб-страници или да го затворат целосно Интернет, но Клинтон рече дека државите кои се фокусираат на гонење на блогери, опозициони веб-страници и новински куќи, тоа го прават на сопствен ризик.

„Сеедно какви бариери на Интернет тие ставаат, технички филтери и цензура, или ги напаѓаат оние кои го практикуваат нивното право на слобода на изразувањето, со време ќе се најдат во тесно, соочувајќи се со дилема на диктаторски режим, и ќе треба да изберат меѓу уривање на ѕидовите или плаќање на цената тие да останат. А и двете работи на крајот се сведуваат на губиток, или со свртување кон поголема репресија или со испуштање на можноста да чујат нови идеи“, рече Клинтон.

За Викиликс таа кажа дека инцидентот почнал со кражб, иста како да се извлекле хартиени документи во актовка.

„Фактот што ние го критикуваме Викиликс не е заради тоа што Викиликс го користел Интернет. Викиликс не го менува нашиот став спрема слободата на Интернет“, рече Клинтон.

Таа рече дека администрацијата на Обама оваа година ќе потроши 25 милиони долари за поддршка на технички експерти и активисти кои ќе бараат нови начини да ги заобиколат бариерите на влади кои ограничуваат Интернет.

Државната секретарка рече дека Стејт департмент е определен да го прошири директниот дијалог преку Интернет со луѓе низ цел свет, и дека фидовите на Твитер на Одделот што почнале минатата недела на Арапски и Фарси, наскоро ќе вклучат Кинески, Руски и Хинди.

XS
SM
MD
LG