Линкови за пристапност

Контроверзни правила за користење на Интернет


Контроверзни правила за користење на Интернет
Контроверзни правила за користење на Интернет

Американската федерална комисија за комуникации ги одобри контроверзните нови правила за Интернет за кои поддржувачите велат дека ќе ги заштитат интересите на конзументите и инвеститорите. Опонентите, пак, велат дека со новите правила се поправа нешто што не е скршено и дека треба да се поканат други држави да сторат повеќе за регулирање на Интернет.

Поделената Федерална комисија за комуникации на САД ги одобри новите правила со три гласа спрема два. Одлуката беше поделена по партиски линии – тројца демократи и двајца републиканци.

Еден од членовите на комисијата објасни по гласањето дека ова е напор да се креираат упатства што ќе бидат спроведливи. Имено, Интернет е отворен и незаштитен и ова ќе им даде шанса на провајдерите да можат да управуваат и инвестираат во бродбенд мрежи.

Во изјава кусо време по гласањето, претседателот Барак Обама кажа дека неговата администрација е определена да види како иновацијата станува дозволена и цвета, дека конзументите се заштитени и демократскиот дух на Интернет останува недопрен.

Овие правила треба да спречат интернет провајдерите, како телефонски и кабелски компании, да вршат дискриминација на интернет услугите како оние што доаѓаат од нивните ривали. Им дава флексибилност на провајдерите за одреден менаџмент на податоците за да се справат со проблеми на голем промет на мрежата и промет што не е пожелен. На интернет компаниите исто така ќе им биде дозволено да наплатуваат повеќе за поголема брзина на Интернет во одредени случаи.

Комесарите беа единствени во изразување разочараност што не се исполнети сите нивни очекувања, но рекоа дека постоење на некакви правила е подобро од никакви.

Минатата недела во Обединетите нации, Кина и Саудиска Арабија – нации за кои се знае дека имаат силна контрола на Интернет, ги обновија напорите за создавање на глобално тело за контролирање на кибернетскиот простор.

XS
SM
MD
LG