Фондот за деца на ОН известува дека околу 50 милиони деца ширум светот се во движење. Некои од нив се движат безбедно со своите семејства кои доброволно мигрираат во потрага по подобар живот. Сепак, за милиони други мигрирањето не е ниту доброволно ниту безбедно.
УНИЦЕФ забележува дека конфликтите принудиле околу 28 милиони деца да ги напуштат своите домови, ризикувајќи го својот живот. Во многу случаи, бегалците мора да ги користат услугите на шверцерите и трговците со луѓе за да стасаат безбедно.
Портпаролката на УНИЦЕФ, Сара Кроу, вели дека 2017-ма година е доста ужасна година:
„Околу 400 деца се удавиле во обидат да стасаат во Европа. Околу 32 илјади деца моментално се заробени во Либија. Од нив, 11 илјади се без придружба.“
Кроу вели дека децата во движење се соочуваат со депортација, давење и притвор.
Таа вели дека илјадници од нив се малтретирани и експлоатирани за време на нивните опасни патувања.
Facebook Forum