Линкови за пристапност

Меѓународен ден на демократијата - поглед кон американските почетоци


Музејот на Американската историја неодамна отвори нова постојана поставка посветена на американската демократија

Неодамна отворената изложба насловена како „Американска демократија: Голем отскок на вербата” се осврнува на историјата на демократијата во САД.

Политичкото уредување во државата било скицирано истовремено со Декларацијата за независност на подвижна работна маса која била во сопственост на Томас Џеферсон и може да се види во музејот.

Во времето кога била отфрлена британската монархија, демократијата била радикална политичка идеја, а кустосот

Хари Рубенштајн вели дека прашањата за американската демократија пред кои биле исправени основачите нацијата, стануваат актуелни - до ден денес:

„Кој може да учествува, како да се натераат граѓаните на учество. Освен гласањето, најверојатно посакувате граѓаните на некаков начин да учествуваат и во оформувањето на владата.“

Демократијата е процес, никогаш завршена работа, вели Рубенштајн, и секоја генерација има свои предизвици:

„Џон Адамс пред да ја потпише Декларацијата за независност, напишал на негов пријател дека верува во концептот на суверенитет. Мислам дека со ова прашање се соочуваат сите општества.“

До каде може да се стаса, барем во демократските општества останува одговорност на граѓаните, кои за тоа одлучуваат на гласачките места.

Посетителите на музејот се убедени во цврстината и истрајноста на демократијата:

Ден Кофрен, поранешен градски советник од Канзас сити, Мисури, вели:

„Мислам дека Томас Џеферсон еднаш рекол дека нема гаранции во демократијата, освен будноста на јавноста. Не можеме да се опуштиме и да очекуваме таа да функционира беспрекорно. Потребно е образовано и активно граѓанство.“

Еми Гранпри туристка од Солт Лејк Сити, Јута вели дека е оптимистка за состојбата со демократијата во светот и САД, но под еден услов:

„Само ако не го заборавиме минатото. Доброто, лошото грдото, и да учиме од него.“

Одбележувањето на Меѓународниот ден на демократијата е можност за согледување на нејзината состојба во светот, велат од Обединетите нации и ги повикуваат членки да организираат настани за таа цел.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG