Линкови за пристапност

Хашкиот трибунал престана да постои


На денешната церемонија во Хаг, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, соопшти дека Меѓународниот трибунал за воени злосторства на просторите на поранешна Југославија, се затвора, но, „ние мора да продолжиме да ја браниме одговорноста и правдата за жртвите“.

„Создавањето на овој Трибунал ја покажа сериозната заложба на меѓународната заедница за тоа дека одговорните за извршување на најтешките кривични дела од меѓународна гледна точка, треба да бидат одговорни за своите постапки“ додаде Гутереш.

Хашкиот трибунал организираше преку 10.000 дена судење, со сведоштва на околу 5.000 лица.

За злосторства беа осудени 90 лица, вклучувајќи и геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото, подвлече Гутереш.

„И покрај овие броево, Трибуналот им даде глас на жртвите. На луѓето кои доживеале вакво насилство и трагични загуби, вклучувајќи ги и жените и девојчињата, им беше дадена можност да ги раскажат своите приказни на суд, да ги евидентираат своите искуства, а сторителите на тое кривични дела да се држат на одговорност. Ова, само по себе, придонесе за процесот на лекување на раните“, истакна првиот човек на ОН.

Судот беше основан на 25-ти мај, 1993-та година, од Советот за безбедност на ОН, со цел да ги гони сторителите на воени злосторства во поранешна Југославија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG