Линкови за пристапност

Повторно зголемување на каматните стапки во САД


Ако економијата продолжи да расте, најверојатно ќе уследи и ново зголемување

Раководителите на Централната банка на САД денеска одлучија благо да ги покачат каматните стапки, и сигнализираа дека нивото значително ќе се зголеми поради добрите вести за растот на американската економија.

На крајот на дводневната средба во Вашингтон, властите ја поставија каматната стапка за четвртина процент повисоко, на нивото меѓу 1,75 и 2 процента. Тие велат дека пазарот на труд продолжува да се подобрува, расте потрошувачката и инфлацијата се покачила на нивото околу два процента на годишно ниво, за кое економистите велат дека и` помага на економијата.

Целта на властите е да обезбедат максимална вработеност и да ги одржат цените на стабилно ниво. Ако економијата продолжи да расте, најверојатно ќе уследи ново зголемување.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG