Линкови за пристапност

Основачите на Инстаграм дадоа оставки од Фејсбук


Основачите на апликацијата за споделување на фотографии Инстаграм вчера објавија дека ја напуштаат матичната компанија Фејсбук со цел да се посветат на други проекти. Нивната одлука уследи по гласините за постоење на недоразбирање со извршниот директор на Фејсбук, Марк Цукерберг.

„Планираме да одмориме извесно време и повторно да ја истражиме нашата љубопитност и креативност“, изјавија Кевин Систром и Мајк Кригер во нивното соопштение кое беше објавено на Инстаграм.

Одлуката е уште еден удар врз компанијата Фејсбук која се соочува со критики заради ширењето на лажни вести, наводното споделување на приватни податоци на корисниците со трети страни, мешање во изборите и употреба на платформата од страна на радикални водачи за ширење на пропаганда во земјите во развој.

Систром и Кригер го основале Инстаграм во гаража во Сан Франциско во 2010-та година. Две години подоцна компанијата имаше 13 вработени и 30 милиони регистрирани корисници. Тие ја продадоа компанијата на Фејсбук за 715 милиони долари. Инстаграм сега е еден од најпрофитабилните извори од рекламирање на Фејсбук и може да се пофали со повеќе од милијарда корисници. Блумберг неодамна излезе со проценка дека компанијата вреди околу 100 милијарди долари.

Познавачите на приликите велат дека по заминувањето на Систром и Кригер тие очекуваат Инстаграм да стане позависен и поинтегриран со Фејсбук.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG