Линкови за пристапност

Рехабилитационен рецепт за успех

Рехабилитационен рецепт за успех

Изминатава деценија имаше зголемено ангажирање да им се помогне на затворениците во транзицијата назад во заедниците. Помалку веројатно е дека тие повторно ќе се вратат во поправниот систем доколку добијат неопходно советување, менторство и обука за вокација додека ја отслужувале казната.

Во кујната на калифорнискиот затвор Сан Матео се случува нешто необично. Жени со бели готвачки палта подготвуваат и служат седум јадења. Мириса на јанија, пита, лосос... Затвореничката Ангела Рејс е меѓу оние што работат во тимот. Јадењата одат на оценување кај судиите.

Главниот готвач на затворот Сан Матео дошол на идеја да понуди часови за готвење. Елиху Кател вели дека го фрустрирало да гледа како исти затвореници се враќаат во собата за појадок откако еднаш ќе ја отслужат казната и се пуштени на слобода. Ги прашувал, што се случило, зошто се повторно тука. Тие му одговарале дека ништо посебно не се случило, дека тие само се вратиле на старото. Значи, помислил тој, на овие лица им треба нешто друго за да не се вратат на старото.

Пријател на Кател, Адам Вајнер води кулинарска програма за локална организација за социјална помош. Двајцата се договориле да понудат неделни класови во затворот. Сите 12 жени-затворенички и десетина мажи од затворениците се пријавиле за класот. Вајнер се надева дека оттука ќе излезат обучени за наоѓање работа: „Учат како да добијат работа, како да напишат резиме, како да работат со шеф, како да бидат промовирани... учат многу повеќе од тоа како се држи нож и да се лупи кромид“.

Некои поранешни затвореници веќе работат во ресторани, на бродови и кетеринг-компании. Вајнер вели дека во сево ова најмногу му се допаѓа што секој од натпреварувачките тимови вклучува затвореници и лидери од системот за правда на општината.

„Нема ние-против-вас и обратно, туку сите работат заедно за да направат нешто креативно“, вели тој.

Но судиите, се разбира, се судии. Некои ги виделе натпреварувачите – во својата судница.

Стручњаците велат дека овој вид на програма за интеграција помага за рано пуштање на слобода и ги зголемува шансите за успех за затворениците. Студија од 2006 нашла дека има 12 проценти намалување на рецидивизмот меѓу затвореници кои добиле обука за работа додека биле во затвор.

Сега се работи на проширување на програмата за готвење на повеќе пенитенцијарни установи и да вклучи повеќе машки затвореници.

Во кујната на калифорнискиот затвор Сан Матео се случува нешто необично. Жени со бели готвачки палта подготвуваат и служат седум јадења. Мириса на јанија, пита, лосос ...

Затвореничката Ангела Рејс е меѓу оние што работат во тимот. Јадењата одат на оценување кај судиите.

Главниот готвач на затворот Сан Матео дошол на идеја да понуди часови за готвење. Елиху Кател вели дека го фрустрирало да гледа како исти затвореници се враќаат во собата за појадок откако еднаш ќе ја отслужат казната и се пуштени на слобода. Ги прашувал, што се случило, зошто се повторно тука. Тие му одговарале дека ништо посебно не се случило, дека тие само се вратиле на старото. Значи, помислил тој, на овие лица им треба нешто друго за да не се вратат на старото.

Пријател на Кател, Адам Вајнер води кулинарска програма за локална организација за социјална помош. Двајцата се договориле да понудат неделни класови во затворот. Сите 12 жени-затворенички и десетина мажи од затворениците се пријавиле за класот. Вајнер се надева дека оттука ќе излезат обучени за работа на тоа поле: „Учат како да добијат работа, како да напишат резиме, како да работат со шеф, како да бидат промовирани... учат многу повеќе од тоа како се држи нож и се лупи кромид“.

Некои поранешни затвореници веќе работат во ресторани, на бродови и кетеринг-компании. Вајнер вели дека во сево ова најмногу му се допаѓа што секој од натпреварувачките тимови вклучува затвореници и лидери од системот за правда на општината.

„Нема ние-против-вас и обратно, туку сите работат заедно за да направат нешто креативно“, вели тој.

Но судиите се, се разбира – судии. Некои ги виделе натпреварувачите – во својата судница.

XS
SM
MD
LG