Линкови за пристапност

Американската инфраструктура неадекватна


Американското друштво на цивилни инженери вели дека инфраструктурата во САД е малку поправена, но дека и натаму е подпросечна и може наскоро да не биде на ниво на потребите на општеството.

Организацијата издава извештај секои четири години за состојбата со патиштата во државата, системите за вода за пиење, системите за јавен превоз, училишта и системи за доставување енергија. Во извештајот стои и дека американската инфраструктура од оценка „Д“ во 2009 се поправила на „Д+“ во 2013, но дека се` уште е под адекватното.

Оценките што на инфраструктурните системи им се даваат се од најдобрата „A+“ до „Ф“ што е најлоша состојба.

Извештајот од вторникот е прв од 1998 што дава оценка во целина и во неколку поединечни сектори.

Организацијата проценува дека оценката „Б“ би била „адекватно за сега“ што би значело вложување од 3,6 трилиони долари во инвестиции до 2020. Тоа е 1,6 трилиони долари повеќе отколку што сега се остава на страна за инфраструктурни поправки.
XS
SM
MD
LG