Линкови за пристапност

Растечките цени на бензинот поттикнуваат инфлација во САД


Растечките цени на бензинот поттикнуваат инфлација во САД
Растечките цени на бензинот поттикнуваат инфлација во САД

Ако се исклучат нестабилните цени за енергија и трошоци за храна, владата кажа дека клучните малопродажни цени се зголемиле незначително, за една десетина од процентот.

Цените во малопродажбата во САД минатиот месец пораснаа најмногу за последниве година ипол, главно предизвикано од порастот на цената на нафтата.

Владата во петок кажа дека стапката на инфлација е зголемена за половина процент во декември, со 80 проценти од тоа зголемување поврзано за повисоките цени на бензиските пумпи. Американскиот Оддел за труд вели дека цената на бензинот е зголемена за 8,5 проценти во текот на месецот. Моторизираните во САД сега плаќаат околу 3 долари и 0,9 центи за галон.

Ако се исклучат нестабилните цени за енергија и трошоци за храна, владата кажа дека клучните малопродажни цени се зголемиле незначително, за една десетина од процентот. За цела 2010 владата вела дека цените се зголемиле за 1,5 проценти, што е намалување во однос на 2009, кога зголемувањето беше 2,7 проценти.

Американската економија е бавна по големата светска рецесија. Дваесет последователни месеци речиси еден на секои десет американски работници бил невработен.

Но владата вели дека потрошувачката се подобрила во 2010. Пораснала за близу седум проценти во текот на годината, што е најголемо 12-месечно зголемување за од 1999 наваму.

XS
SM
MD
LG