Извештајот од среда изработен од Федералните резерви покажува дека производството минатиот месец пораснало за четири десетини од процентот, во американските фабрики, рудници и централи.
Фабричкиот сектор беше светла точка во проблематичната економија, зашто растеше кога имаше застој во други сектори.
Друг владин извештај покажува дека заканата од инфлација засега е мала, додека цените во малопродажбата пораснале само за една десетина од процентот минатиот месец, што е најмал пораст за последните пет месеци.
Малата инфлација е резултат на бавната економија. Високата невработеност ги ограничува платите зашто ја зголемува конкурентноста за работни места и прави работниците да се согласат на помала плата. Високата стапка на домови што се преземаат од банките зашто сопствениците не можат да го исплаќаат кредитот прави многу домови да дојдат на пазарот за изнајмување на станови и рентата да биде намалена за да се привлечат луѓе што ќе ги изнајмат тие празни станови.