Линкови за пристапност

Индонезија го повика австралискиот амбасадор


Тема на разговорите се наводите дека Австралија дозволила САД да шпионираат од нините амбасади

Индонезија го повика австралискиот амбасадор во Џакарта по извештаите дека Австралија дозволила тајни американски програми за шпионирање да да оперираат во нивните амбасади во Индонезија, Тајланд, Виетнам, Кина и Источен Тимор.

Новинските извештаи, базирани на документи протечени од поранешниот разузнавач во Агенцијата за национална безбедност Едвард Сноуден исто така велат дека американската амбасада во Џакарта го шпионирала нивниот претседатл Сусило Бамбанг Јудхојоно и други индонезиски лидери. Тие индицираат дека американската амбасада било локација каде бил сместена опрема за прислушкување што била користена за следење на други индонезиски лидери. Документите ги опишуваат објектите како внимателно скриени во рамки на амбасадите.

По средбата во петок, австралискиот дипломат Грег Мориарти кажа дека разговорите биле добри и дека сега тој ќе треба да ја информира за нив својата влада.

Индонезиското Министерство за надворешни работи исто така го повика највисокиот американски дипломат во Џакарта да ги објасни наводите.
XS
SM
MD
LG