Линкови за пристапност

Активен вулкан на Суматра, предупредување за авиони


Се активираше вулканот Синабунг на индонезискиот остров Суматра, со пепел и чад во височина од преку 5 километри, по што властите издадоа предупредување за авиокомпаниите.

Според најновите информации, по ерупцијата нема повредени или смртни случаи.

Изминативе неколку години, беше наредена евакуација за околу 30.000 лица кои живеат во околината.

Вулканот Синабунг не бил активен изминатите 400 години, пред ерупцијата во 2010-та, кога загинаа две лица, по што следеше онаа од 2014-та, во која животот го загубија 16 лица, а во 2016-та, седум.

На територијата на Индонезија се регистрирани околу 130 активни вулкани.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG