Линкови за пристапност

Над 1200 жртви по земјотресот и цунамито во Индонезија


Жителите на градот Палу, најтешко погоден од несреќата, ограбуваат напуштени продавници за да стасаат до храна и чиста вода за пиење

Расте очајот и незадоволството на централниот индонезиски остров Сулавези каде во минатонеделниот земјотрес и цунами загинаа повеќе од 1200 лица.

Според извештаите, жителите на градот Палу кој беше најтешко погоден од несреќата ограбуваат напуштени продавници во обид да стасаат до храна и чиста вода за пиење. Тие за очајната состојба вината ја посочуваат на бавната реакција на властите во доставата на хуманитарна помош.

Во меѓувреме спасувачките екипи трагаат по преживеани и пребаруваат под урнатите во градот. Нивните напори се забавени поради недостатокот на тешка машинерија. Се верува дека најмалку 50 лица се заглавени само под урнатините на хотелот Роа Роа.

Властите соопштија дека бројот на жртви сега изнесува 1234 лица. Земјотресот со јачина од 7.5 степени кој ја погоди областа во петокот предизвика цунами, чии бранови беа со висина од шест метри.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG