Линкови за пристапност

Индонезија и Австралија ја поддржаа одлуката на Обама да ја одложи посетата


Индонезија и Австралија ја поддржаа одлуката на Обама да ја одложи посетата
Индонезија и Австралија ја поддржаа одлуката на Обама да ја одложи посетата

Индонезија и Австралија велат дека ја разбираат одлуката на претседателот Барак Обама за одлагање на посетата во нивните земји.

Обама требаше во недела да замине за Индонезија, но останува во Вашингтон да обезбеди поддршка за законот за здравствена заштита, за кој Претставничкиот дом треба да гласа тој ден.

Портпаролот на Белата куќа Роберт Гибс најави дека патувањето е одложено за јуни.

Советник на индонезискиот претседател Сусило Бамбанг Јудхојоно рече дека тој му пратил порака на Обама во која го охрабрил да остане во Вашингтон и да се фокусира на гласањето на реформата за здравствената заштита.

Портпаролот на американската амбасада во Џакарта рече дека одлагањето на посетата предизвикало разочарување кај многумина Индонезијци кои го доживуваат американскиот претседател како еден од нив.

Обама минал дел од детството во Индонезија, откако мајка му се омажила за Индонезијец. Тој требаше да го одржи вториот голем говор за американскиот односи со муслиманскиот свет.

XS
SM
MD
LG