Линкови за пристапност

Во Индонезија досега 429 жртви на цунамито


Повеќе од 1400 лица се повредени, а најмалку 128 се водат како исчезнати

Бројот на жртви од цунамито кое во саботата го погоди западниот брег на Јава се искачи на 429 лица, соопштија од Агенцијата за катастрофи на Индонезија.

Спасувачките екипи употребуваат кучиња трагачи и дронови во потрагата по преживеани од цунамито, кое ги погоди островите Јава и Суматра.

Над 1000 објекти се оштетени или целосно разрушени, вклучувајќи и стотоци домови. Повеќе од 1400 лица се повредени, а најмалку 128 се водат како исчезнати.

Метеоролошката агенција регистрираше ерупција на вулканот Кракота во саботата. Но, од индонезиската Геолошка агенција велат дека не можат да потврдат дека цунамито било поттикнато од ерупцијата бидејќи уште од минатиот јуни имало ерупции, кои не предизвикале цунами.

Геолошката агенција и натаму ги истражува причините за цунамито.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG