Линкови за пристапност

Расте бројот на жртви при тонење на траект во Индонезија


Траектот превезувал околу 140 патници, кога бил погоден од силно невреме

Индонезиските власти соопштија дека 31 лице загинало при тонење на траект близу островот Сулавеси.

Траектот превезувал околу 140 патници, кога бил погоден од силно невреме. Капетанот го насочил бродот на гребен на околу 300 метри од брегот, во обид да спаси животи.

Досега се спасени околу 70 лица, а 40-тина и натаму се водат за исчезнати.

Денешната несреќа се случи во време кога надлежните наредија прекин на потрагата на преку 160 патници кои се веруваше дека се заглавени во потонат траект. Овој инцидент се случи минатиот месец близу островот Суматра.

Ваквите несреќи се честа појава во Индонезија, главно поради слабата примена на регулативите за безбедност.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG