Линкови за пристапност

Лоциран урнатиот авион на индонезиската авиокомпанија


Екипите за потрага и спасување изгледа дека го лоцирале паднатиот авион на индонезиската авиокомпанија што се урна во Јаванското Море на неколку минути по полетувањето од Џакарта рано во понеделникот.

Индонезискиот армиски шеф Хади Тјахјанто изјави дека властите „се убедени“ оти го идентификувале местото на авионот на Лајон Ер од летот 610:

„Сега сме фокусирани на таа локација. Заедно со Агенцијата за потрага и спасување ќе ја испитаме и се надеваме дека таму ќе најдеме најголем дел од авионот“.

Ова претставува чекор поблиску до откривање на црната кутија што содржи аудио снимки од кабината и што може да појасни зошто пилотите побарале да се вратат назад кусо време по полетувањето.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG