Линкови за пристапност

Се урна авион со 189 патници северно од островот Јава


Засега проценките се дека нема да има преживеани

Авион на компанијата „Лајон ер“ со 189 патници и екипаж се урна 13 минути по полетување од Џакарта, соопшти Агенцијата за спасување при катастрофи на Индонезија.

Меѓу патниците имало и едно дете и две бебиња.

Портпаролот на Агенцијата, на Твитер објави фотографии од мобилни телефони, книги и делови од авионот, собрани со помош на бродови за пребарување и спасување.

Паралелно, распоредени се и нуркачи во потрага по остатоците од авионот, кој се урна северно од островот Јава. Засега проценките се дека нема да има преживеани.

Авионот потона на длабочина од околу 30 до 35 метри, а според спасувачите пронајдени се човечки останки на околу 15 километри од брегот.

Авионот полетал во 6:20 часот по локално време, и требало да слета во 7:20 часот по локално време.

Ова е прва пријавена несреќа која вклучува Боинг 737 МАКС, еден од поекономичните авиони во користење гориво.

Производителот на авионот, преку Твитер соопшти дека внимателно ја следи ситуацијата по авионската несреќа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG