Линкови за пристапност

Пронајдена црната кутија од индонезискиот авион


Индонезиските нуркачи пронајдоа една од „црните кутии“ меѓу остатоците на Лајон Ер од летот 610, кој што се урна во Јаванското море во понеделникот рано наутро неколку минути по полетувањето од Џакарта.

Нуркачите, за локална телевизија, во четвртокот изјавија дека една од кутиите пронашле на морското дно и ја извлекле на површината.

Истражувачките екипи работеа деноноќно за да ги пронајдат остатоците од авионот Боинг 737 MAX 8 и да го повратат снимачот од пилотската кабина, кој ги снима податоците за летот и кој содржи клучни информации за краткиот лет на авионот, вклучувајќи ја последната комуникација на пилотот со контролорите на земјата, кога било побарано авионот да се врати на аеродромот.

Сите 189 патници и екипаж на авионот загинаа во несреќата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG