Линкови за пристапност

Индија се подготвува за циклонот Бипарџој


Моди ќе одржи состанок за влијанието на циклонот
Моди ќе одржи состанок за влијанието на циклонот

Индија се подготвува за моќен циклон.

Бипарџој најверојатно ќе погоди делови од западната држава Гуџарат во четврток со максимални постојани ветришта од 125 до 135 километри на час и удари до 150 километри на час, соопшти во понеделникот Индискиот метеоролошки оддел.

Индискиот премиер во понеделник ќе одржи состанок за влијанието на циклонот.

Бипарџој - што значи катастрофа на бенгалски јазик - е „исклучително тешка циклонска бура“ - втората највисока категорија што ја користи индискиот оддел за метеорологија за класификација на тропските бури.

Се очекува и североисточна Индија да има обилни врнежи од дожд во текот на следните пет дена.

Покрај тоа, синоптичарите велат дека условите за топлотен бран најверојатно ќе бидат над делови од северозападниот, источниот и северниот дел на полуостровот Индија во следните три до пет дена.

XS
SM
MD
LG