Линкови за пристапност

Домородните народи во Вашингтон ќе маршираат за солидарност


„Политичките лидери и медиумите во САД не` игнорираа предолго“

Тоа е пораката што илјадници активисти од целиот свет ќе ја донесат во петок во Вашингтон на првиот Марш на домородните народи. Тие се обидуваат да го привлечат внимание кон неправдите кои се соочуваат домородните луѓе од целиот свет.

Настанот, кој ќе се случи на ден пред третиот годишен женски марш, е организиран од Движењето на домородните народи кое сака да ги обедини племињата и домородните народи од Северна, Јужна и Централна Америка, Пацификот, Азија, Африка и Карибите.

„Нашата главна цел е да испратиме порака дека сме се` уште сме тука, дека сме организирани и се развиваме “, изјави медиумскиот координатор на организацијата, Дарен Томсон кој е припадник на народот Оџибва од сојузната држава Висконсин. „Не сакаме само да си помогнеме меѓусебно, туку да споделиме и важни информации со американската јавност за наследството од колонизацијата“.

Се очекува на настанот да учествуваат околу 80 говорници и домородни изведувачи. Маршот на социјалните медиуми е препознатлив под хаштагот # IPMDC19. Присутни ќе бидат и демократската конгресменката Деб Халанд припадничка на племето Лагуна Пуебло и една од првите две жени од домородно потекло членки на Конгресот, како и нејзината сопартијка конгресменката Рут Бафало која има домородно потекло од Северна Дакота.

Говор ќе одржи и Ешли Колингбал, од народот Кри од провинцијата Алберта, Канада, која е поранешна Мис Универзум и работи на охрабрување на младите припаднички на домородните групи да зборуваат за сопствените искуства со физичката и сексуалната злоупотреба.

Тие ќе се осврнат на голем број прашање кои влијаат врз домородните заедници, вклучувајќи ги животната средина, обесхрабрувањето да учествуваат во гласањето, полициската бруталност и големиот број на исчезнати и убиени домородни жени.

Маргинализацијата низ историјата, расизмот, наследството од колонизацијата ги направија жените припаднички на домородните народи особено ранливи на насилство. Тешко е да се дојде до вистинските бројки, но Одделот за правда на САД објави дека 84 проценти од жените од домородно потекло доживеале насилство во нивните животи, а повеќе од половината преживеале сексуално насилство. Деведесет и шест проценти од жртвите на силување или сексуален напад се нападнати од страна на лица кои не се припадници на домородните народи.

Покрај тоа, студијата на Конгресот на домородни Американци во 2015-та година спроведена на четири локации во САД и Канада откри дека околу 40 проценти од жените кои се вклучени во трговијата со сексуални услуги се идентификувани како припаднички на домородните народи.

Специјалниот известувач на Обединетите нации за правата на домородните народи, Викторија Таули - Корпуз од народот Игорот од Филипините во 2015-та година објави дека домородните жени во светот се посебно ранливи на силување, ропство или убиства особено за време на воени конфликти.

Организаторите на маршот велат дека се обидуваат да создадат политики за зајакнување на домородните права и да ја поттикнат солидарноста меѓу глобалните домородни групи преку граници наметнати од европските колонизатори.

Тие очекуваат да привлечат толпа од 10.000 ученици од Австралија, Гватемала, Папуа Нова Гвинеја и Карибите.

„Бидејќи во саботата се одржува женскиот марш, тој број може да биде многу, многу поголем“ вели Томпсон.

XS
SM
MD
LG