Линкови за пристапност

Обама е почесен гостин на празничната парада во Индија


Пред Денот на републиката на Индија, претседателот на САД го искористи денот за градење поцврсти врски со индискиот премиер Нарендра Моди.

Дождот не ја намали возбудата околу значајната посета на Претседателот на САД, Барак Обама, на Индија, додека илјадници трупи зедоа учество во блескава парада во понеделникот каде тој беше почесен гостин.

Обама е првиот американски претседател што присуствувал на индискиот Ден на републиката, со кој се одбележува индиското осамостојување од 26-ти јануари 1950-та.

Американскиот претседател го мина првиот од трите дена на посетата за продлабочување на врската со индискиот премиер Нарендра Моди и склучување договори.

Обама и Моди соопштија дека напреднале по долго-застоениот договор за нуклеарна енергија.

САД потпишаа договор со Индија во 2008 да обезбеди цивилна нуклеарна технологија. Но имплементацијата изостана заради индискиот закон што ги прави одговорни компаниите кои произведуваат и снабдуваат со опрема, во случај на несреќа.

Двете страни во неделата се согласија мултимилионско осигурување, што не ја принудува Индија да ги промени своите закони.

Деталите се` уште не се јасни. Но претседателот Обама договорот од неделата го нарече важен чекор што покажува дека двете страни можат да работат заедно за кревање на односите на повисоко ниво.

XS
SM
MD
LG