Индија бара да го испраша пакистанскиот Американец Дејвид Хедли кој се изјасни за виновен за помагање на планирањето на терористичките напади во Мумбаи во 2008-ма година.
Индискиот министер за внатрешни работи Паланиапан Чидамбарам во Њу Делхи изјави дека Индија исто така ќе побара испорачување на Хедли , без оглед што САД постигнаа договор со него да не биде испорачан.
Хедли четвртокот во федерален суд во Чикаго кажа дека е виновен, иако претходно го тврдеше спротивното. Тој е обвинет дека преку две години вршел набљудување на целите на нападите во кои загинаа 166 луѓе, а беа повредени стотина во градот што се смета за финасиски центар на Индија. Истовремено се товари и за планирање на напад врз данскиот весник кој објави карикатури со пророкот Мухамед, што пак разгневи многу Муслимани.
Во постигнатиот договор, американските обвинители се согласија да не го испорачаат 49-годишниот Хедли во Индија, Пакистан или Данска.