Трета жена влезе во храм во јужна Индија во знак на протест против забраната жените кои се на возраст кога добиваат менструација да не смеат да влезат во храм да се молат.
Протестите против ваквата забрана почнаа откако во средата две жени, придружувани од локалната полиција, влегоа во храмот Сабаримала.
Полицијата уапси повеќе од 750 лица кои учествуваа во демонстрациите.
Жени на возраст од десет до 50 години со векови имаат забрана да влезат во храм.
Врховниот суд минатиот септември ја тргна забраната, разгневувајќи ги поддржувачите.
На крајот на месецот Судот најави дека ќе го разгледа случајот.
Хиндуизмот ги смета жените на оваа возраст за нечисти и не им дозволува да учествуваат во религиозни ритуали.
Facebook Forum