Линкови за пристапност

Индија изврши напад во Пакистан


Индискиот министер за надворешни работи рече дека ја презеле оваа акција поради закана од терористичка група

Пакистан вели дека индиски воени авиони ја поминале контролната линија во Кашмир и бомбардирале територија под контрола на Пакистан.

Пакистан објави фотографии од местото каде вели дека биле фрлени бомбите, но, не спомна за жртви и последици.

Индискиот министер за надворешни работи рече дека ја презеле оваа акција поради закана од терористичка група во Пакистан.

„Соочувајќи се со неизбежна закана, ваков превентивен напад беше неопходен“, изјави тој.

Њу Делхи се закани дека ќе возврати по најсмртоносниот напад во три децении во Кашмир, кога беа убиени повеќе од 40 индиски парламентарци.

Исламабад рече дека нема никаква поврзаност со овој напад, и предупреди дека ќе одговори ако Индија изврши каков било напад.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG