Линкови за пристапност

Моди најави нова ера за Кашмир


Засега не е јасно како жителите на овој регион реагирале на најавата за развој, отворање работни места и подобро владеење

Премиерот на Индија Нарендра Моди вети дека почнува нова ера за населнието во Кашмир, по одлуката на Владата да го укине специјалниот статус на овој регион, и да го стави под контрола на Њу Делхи.

Во обраќање на телвизија и на радио, Моди ја бранеше неговата одлука, велејќи дека Индија сега ќе го ослободи регионот од тероризам и терористи.

Засега не е јасно како жителите на овој регион реагирале на најавата за развој, отворање работни места и подобро владеење.

Повеќето од нив можеле да го слушнат говорот само на радио, поради суспендирање на кабелските и телевизиските мрежи.

Њу Делхи го обвини Исламабад за поттикнување насилство во Кашмир три децении.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG